Општи правила и услови за користење

Добројдовте на сајтот на “Метални полици” www.metalnipolici.com.mk

Со негово користење Вие се согласувате со условите на употреба. Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се. Ако НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ со условите, не пристапувајте на веб страницата. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на информациите и заштитата на личните податоци кои ги обезбедуваат тие интернет страни. “АгроТехнА” не ги прегледува веб страниците на кои преку линк се стигнува до оваа страница и другите наши страници и не е одговорна за содржината на веб страниците, освен сопствената, ниту пак за содржината на веб страниците кои упатуваат на нејзината веб страница.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на “Метални полици” е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотреба на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на Метални полици. За технички ненамерни грешки, неправилен опис на производите кои би можеле да се појават на веб страницата, “Метални полици” однапред се извинува и не превземаме никаква одговорност. “АгроТехнА ДОО Скопје” го задржува правото да го смени дизајнот на целокупната веб страна без претходна најава. Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.

За користење и регистрирање на нашиот сајт треба да ги исполнувате следниве услови:
  • Да имате најмалку 18 години / важи само за купувачи
  • Да не се обидувате да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации
  • Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба
  • Да правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда
  • Да ги променувате податоците за Вас по потреба, за да се осигурате дека се точни во било кое време
Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување.
Купување производи понудени на страната на Метални полици:

 Купувачот има право да го одбере производот кој е понуден на веб страната на www.metalnipolici.com.mk и истиот да направи нарачка со што ќе ја определи количината начинот на испорака и останатите опции понудени на веб страната. Купувачот има право во секое време да ја откаже, дополни или модифицира направената нарачка се до моментот пред да го реализира плаќањето. Со самото реализирање на плаќањето купувачот склучува договор со “АгроТехнА Доо Скопје” за рокот, условите и производот кои се предмет на нарачка. АгроТехнА го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Ве известуваме дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на АгроТехнА, и АгроТехнА не е одговорена за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на “Метални полици” е да биде достапна 24/7, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Ве известуваме дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на “Метални полици”, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време. Сите податоци и информации објавени на интернет страната на “Метални полици” се од информативен карактер и за истите “АгроТехнА” го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите. Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Р.Македонија, “АгроТехнА” не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.

Гаранција:

 Сите производи кои ги продава “АгроТехнА” подлежат на гаранција. Гарантниот рок зависи од типот на производот, односно од гаранцијата која ја дава производителот/увозникот и истиот започнува да тече од денот, кога производот ќе биде предаден на потрошувачот. Со самото издавање на фискална сметка, металните полици како производ се здобиваат со вклучена 6 месечна гаранција.

Гаранцијата нема да биде важечка:

 Гаранцијата важи под услов да се ракува со апаратот според упатството пропишано од страна на производителот. Гарантниот рок тече од денот на продавање на производот на корисникот, кој може да се потврди само со фискална сметка. Под нормална употреба на производот, се подразбира употреба и внимателно ракување, како што тоа е пропишано во приложените упатства. Во случај кога во гарантниот рок, поправката би траела повеќе од 30 дена од денот на пријавување на дефектот, неисправните делови ќе бидат заменети со нови. Не сме должни на свој трошок да ги отстраниме дефектите и техничките недостатоци кои не се настанати со нормална употреба, а особено не оние кои се настанати поради:
– Неправилно или невнимателно ракување или пренесување;
– Приклучување во електрична  мрежа од  несоодветен  или непостојан напон;
– Ако имало  поправки , замена  на  делови или поправки што се извршени надвор од овластената сервисна мрежа;
– Дефекти и оштетувања предизвикани од транспорт од страна на потрошувачот после продажбата  на производот;
– Механички оштетувања или дефекти настанати како резултат на земјотрес, поплава, пожар или други природни непогоди, како и при неприлагоден извор за напојување, струен удар или други надворешни фактори и несоодветна работна околина;
– Дополнителни услови кои ги одредува производителот/увозникот;
– Доколку апаратот има батерии,  истите не подлежат на гаранција;
– Во случај  апаратот да се утврди дека е исправен, КУПУВАЧОТ сам си ги сноси трошоците настанати со неоправдано пријавување на дефектот;
– АКО  АПАРАТОТ СЕ УПОТРЕБУВА ПРОФЕСИОНАЛНО (а не е наменет за тоа) ИЛИ ПОДОЛГО ОД ВРЕМЕТО ОЗНАЧЕНО НА НЕГО.

Затоа Ве молиме внимателно да го прочитате упатството  и да се придржувате кон него.
Гаранцијата не важи ако гарантниот лист не е заверен од продавачот, не е соодветен на производот и нема сметка (фискална) за негово купување.
На веб страната на Метални полици, можете да најдете различни производи, кои се од различни производители и увозници, затоа Ви напоменуваме дека ГАРАНЦИСКИТЕ услови можат да бидат различни.

Метални полици потврдува дека потрошувачите ги имаат законските права кои произлегуваат од законодавството на РМ, кое ја регулира продажбата на производите и дека  овие права не се загрозени со дадената  гаранција. За корисникот на производите важат условите дадени во гаранцијата.       

Рекламација:

“Метални полици” потврдува дека потрошувачите ги имаат законските права кои произлегуваат од законодавството на РМ, кое ја регулира продажбата на производите и дека овие права не се загрозени со дадената гаранција.
Потрошувачот има законско право за рекламација во рок од 6 месеци, кој е законски пропишан, од денот на купување на производот преку нашата веб страница www.metalnipolici.com.mk или за производи купени директно од нашите продавници.

 1. Оштетен производ:
Тимот на Метални полици е должен да одговори што е можно поскоро на жалбата на потрошувачот и да Ве извести за понатамошни дејствија, во случај на следниве примери:
– Ако сте ја примиле пратката и по отворањето на пакетот сте забележале дека испорачаниот производ не се совпаѓа со претходно нарачаниот производ;
– Ако во пакетот недостасуваат делови за склопување;
– Ако податоците за фактурата се не точни;
– Ако производот е оштетен за време на транспортот;
Во случај од горе наведените, потребно е да ја фотографирате штетата, недостатокот или пак грешката и да ни ја испратите на е-пошта: www.metalnipolici.com.mk во која го опишувате проблемот или Ве молиме јавете ни се најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.
Важно!!!
Доколку при прием на пратката забележувате дека е видно оштетена, потребно е курирот да направи пријава на лице место и да не извести, како би можеле да направиме замена за истата. При враќање или испраќање на производот, купувачот е должен да ја приложи сметката и сета документација што му е дадена.
2. Замена:
– Доколку купувачот е присутен при превземањето на испораката каде утврдува дека направил грешка при сопствениот избор на производот кој го купил преку нашата официјална web страна www.metalnipolici.com.mk или пак online преку нашите социјални мрежи и има потреба од замена, потребно е веднаш при превземањето на производот од страна на курирот, да го врати производот како би го замениле за друг производ и во тој случај купувачот плаќа една поштарина во износ што претходно му била наплатена според веќе договорениот ценовник.
– Доколку купувачот не е присутен при превземањето на испораката каде утврдува дека направил грешка при сопствениот избор на производот кој го купил преку нашата официјална web страна www.metalnipolici.com.mk или пак online преку нашите социјални мрежи и има потреба од замена, потребно е да не извести во рок од 24 часа и да го врати во период најдоцна до 3 дена. Откако ќе се утврди дека производот е вратен во иста состојба како што бил испратен, односно продаден (неоштетен, исправен и спакуван), на купувачот му се заменува производот со друга ставка прилагодена на трошоците.
– Доколку по отворањето на пратката, се утврди дека клиентот нарачал погрешна големина или боја, можно е да се замени со соодветна големина или боја, но зависно од моменталните залихи.
ВАЖНО!!!
Законот му дозволува на крајниот купувач да го замени производот, во период од 15 дена од датумот на издадената фискална сметка.
Трошоците за замена на производи или враќање на пари, се на товар на купувачот, освен во случај кога купувачот добива неисправна или неточна ставка.
3. Рефундирање/Ставка што се враќа:
– Рефундирање/ Поврат на средства се прави само на решени жалби по електронски пат, за оние купувачи кои платиле со кредитна картичка. или во готово за оние купувачи кои го купиле производот готовинско.