Начин на испорака/достава
Испораката на производите се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката и на начин кој го одбрал при самото правење на нарачката.
- Времето на испорака изнесува од 24 часа до 4 работни дена, од моментот на правењето на нарачката
- Секоја нарачка која е направена по работното време - 16 часот или во неработен ден, времето за испорака започнува да тече од наредниот, работен ден.
- Испораката на производите ќе биде извршена низ целата територија на Македонија, освен оние кои се поголеми од 1m3, тие ќе се испорачуваат до одредени доставни места.
- Во рокот на испорака не се сметаат неработните денови.
- Испорака на производи надвор од територијата на Македонија не вршиме.
Можни се доцнења за кои ќе бидете известени од наш соработник. Испораката е до влезот на зградата или куќата, на адресата наведена во порачката.
Испораката е бесплатна за нарачки со вредност над 2.500,00 ден
За сите останати нарачки во вредност до 2.500,00 ден, цената на испораката иснесува 300,00 ден.
- Пред испорака на производот, купувачот ќе биде телефонски контактиран за времето и денот на испорака.
- Веднаш по испораката, производите треба да бидат внимателно прегледани од страна на купувачот или трето лице. При евентуални оштетување, удари или други штети установени при испораката, потребно е штетата да се пријави во одделот за on-line продажба на е-маил sales@agrotehna.com.mk.
- При наведени невистинита или грешна адреса, лице за контакти и/или телефон при во порачката, АгроТехнА не е обврзана на какво и да било исполнување на истата.
- При предавање на производите купувачот или трето лице ја потпишуваат испратницата и другите пропратни документи. Под трето лице се подразбира лице кое е наведено во порачката и го прима производот на наведената адреса при извршување на порачката.
- Во случај, кога Клиентот не е достапен за исполнување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или не е обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, АгроТехнА се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во
- Замена на производот со соодветен квалитет се врши во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура , испратница и другите пропратни документи кој се доставени при испораката и истиот може да го замените со нов. Само ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети.
Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница и другите пропратни документи кој се доставени при испораката во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот. Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, АгроТехнА не може да превземе никаква одговорност. Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50- 80% од цената на чинење.